По дојава за бомба евакуиран Арена центарот во Загреб

По анонимна дојава за поставена експлозивна направа во Арена центарот во Загреб, хрватската полиција превентивно ги евакуираше граѓаните од трговскиот центар, потврди загрепската полиција.

Припадниците на специјалната единица во полициската управа во Загреб веднаш излегле на местото на настанот, а зградата на трговскиот центар, вклучувајќи ја и подземната гаража, се испразнети, додава полицијата.

Agria

Вечерњи лист, повикувајќи се на неофицијални извори пренесува дека полицијата добила дојава за две експлозивни направи, а специјалната единица на МВР со кучиња трагачи го „чешла“ трговскиот центар во потрага по потенцијална закана.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Еден „ер трактор“ на ДЗС се врати од сервис
(ВИДЕО) СДСМ: Урбаната мафија хара, каква корист има Мицкоски од 150 дивоградби во Чаир?