Во ковид статистиката на Министерството за здравство, во Велес не се регистрирани нови позитивни случаи на коронавирус. Оздравени се 46. Бројот на активни случаи во Велес е 698.
Во последните 24 часа се направени 841 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 81, Тетово – 15, Куманово – 13, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Македонски Брод – 3, Штип – 2, Битола, Кочани, Кичево, Гевгелија, Неготино и Берово – по 1.
Регистрирани се 900 оздравени пациенти, пријавени 14 починати лица од Скопје (46г, 46г , 54г, 56г, 69г, 70г ,77г, 79г, 79г,81г,87г, 87г, 87г, 89г), по 3 починати лица од Битола (72г,74г и 84г) и Куманово (62г,64г и 68г), по 2 лица од Прилеп (61г и 62г), Струмица (70г и 76г), Штип (58г, 72г) и Виница (68г и 70г), по едно лице од Велес (67г), Охрид(83г), Струга (75г), Гостивар (71г), Кочани (77г), Кичево (70г) и Неготино (69г). Од починатите пациенти, 3 лица се починати во домашни услови, а останатите 32 лица во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, бројката на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041.
Можеби ќе ве интересира: