Пациентка на возраст од 83 години минатата ноќ почина на инфективното одделение во велешката болница, како резултат од компликации од ковид-19. Жената, која живеела во Свети Николе, била позитивна на коронавирус и не била вакцинирана, а во болницата се лекувала три дена.
Во моментов, на инфективното одделение на велешката болница се хоспитализирани 13 пациенти, од кои 11 се позитивни на тестот, а двајца се се уште непотрвдени. На кислородна поддршка се дури 8 пациенти.
Содржината продолжува под огласот
Во Велес во моментов има 70 активни случаи со ковид-19. Од почетокот на пандемијата, во овој град се регистрирани 5551 заразени, од кои 5302 се излекувани, а 179 ја загубија битката со вирусот.
Можеби ќе ве интересира: