Сончево и релативно топло време се најавува за денешниот ден. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе има и мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури ќе биде од минус 1 до 7 Целзиусови степени, а во текот на денот од 8 до 17 степени.
Во Велес, по магливото утро, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб променлив ветер. Температурата ќе биде од 5 степени наутро до 15 во текот на денот.