Новиот плоштад во центарот на Велес ќе почне да се уредува за два месеци. Ова го предвидува договорот за грант, кој градоначалникот на Велес Марко Колев денеска го потпиша со Делегацијата на Европска Унија.
Плоштадот кој е во рамките на проектот „Паметни решенија за Велес – продолжуваме“, со кој ќе се уредува централното градско подрачје, ќе чини нешто над 750 илјади евра. Со него е предвидена реконструкција на улицата „8 Септември“, нови сообраќајни решенија во централното градско подрачје, поставување на атмосферска канализација во овој дел од градот и воведување на т.н. паметни решенија за одвивање на сообраќајот и јавниот превоз, како и мерки за поттикнување на пешачењето и возењето велосипед.
Содржината продолжува под рекламата
Планирано е на местото на сегашниот паркинг пред судот, да се изгради плоштад, а под него подземна гаража. Тие се дел од идејниот проект. Но, во проектот што ќе биде финансиран со грант од ЕУ не влегува ни плоштадот, ниту пак катната гаража, туку други инфраструктурни зафати и набавка на опрема и возила. Велес е еден од ретките градови во земјава кој нема класичен плоштад.
Реализацијата на овој проект започна пред две години, а пред неколку месеци Европската унија даде зелено светло во третата фаза, што беше и конечно одобрување на проектот. Нов плоштад и подземна гаража беа дел од изборната програма и на новиот градоначалник на Велес, Марко Колев.
Содржината продолжува под рекламата
Со реализација, проектот ќе стартува на 15 јануари 2022 година.
Можеби ќе ве интересира: