По патиштата ширум Европа ќе се возат камиони долги до 25 метри

kamion

Европскиот парламент со 330 гласа „за“, 207 против и 74 воздржани ја усвои директивата на Европската комисија според која камионите со носивост до 60 тони наскоро ќе можат да се движат по патиштата низ континентот. Сега останува само оваа револуционерна мерка да ја одобри Европскиот совет каде заседаваат земјите-членки.

Zito akcija 640x289px

Овие огромни камиони можат да бидат долги и до 25 метри. Нивната должина е како зграда од осум ката. Или, ако некому му е полесно да размислува поинаку, тие се долги како тениско игралиште. Во моментов најголемите дозволени димензии се 44 тони и 18,75 метри во должина.

Agria

Овие гига-камиони се исти како и досегашните, но многу поголеми. Досега најмногу можеа да се видат на американските патишта, но и во скандинавските земји. Под одредени услови, тие можат да циркулираат и во Германија.

Целта на воведувањето на новата законска регулатива е да се зголеми транспортот на стоки за 50 до 75 отсто, со исто толку камиони, со што ќе се смета на помала потрошувачка и намалени емисии на јаглерод диоксид. Сепак, овие камиони трошат повеќе гориво и загадуваат повеќе од нивните помали „браќа“.

На „зелените“ во ЕП особено им пречи тоа што новите камиони ќе бидат на дизел погон, што прилично ја загадува животната средина, во време кога се повеќе се инсистира на хибридни и електрични возила. Со тоа ќе се доведе во прашање и комбинираниот транспорт, кога на железничките вагони ќе се постават камиони до 40 тони. Тоа нема да биде случај со советите.

Се поставува и прашањето зошто целиот транспорт повеќе не се организира со возови, кои главно се напојуваат со електрична енергија, а една композиција може да повлече цела серија контејнери, кои сега секој посебно ги носи камион. Француските железници велат дека железничкиот транспорт е енергетски поефикасен седум пати.

Можеби ќе ве интересира: