По последниот пожар во велешката градска депонија, „дервенци” дежураат 24 часа

deponija

Градоначалникотна Велес Аце Коцевски информира дека по пожарите на крајот на јули на Градската комунална депонија упатил барање и вработените на ЈКП Дервен оттогаш дежураат нон стоп на депонијата, за веднаш да ја гаснат ако повторно се запали. Инаку, првиот пожар на Градската комунална депонија во Велес што се случи на 27 јули попладне. Како што информира Коцевски, на 29 јули била ангажирана и дополнителна механизација и пожарот брзо беше локализиран.

Zito akcija 640x289px

Тој потсети дека поради високите температури на 5 август повторно се запали Градската комунална депонија и пожарот за неколку часа беше изгаснат, но продолжи да дими во наредните денови. Коцевски информира дека вложиле големи напори и финансиски средства за целосно да се справат со пожарот.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

„Во моментов ЈКП „Дервен” врши 24 часовен надзор во случај  повторно да се појави ново жариште на депонијата“, рече Коцевски.

Воедно потсети дека Државниот инспекторат за животна средина заради утврдени неправилности на ЈКП Дервен” на 29 јули му изрече глоба од 3000 евра. На 30 јули донесе решение за санирање на состојбата на депонијата  што треба да се спроведе во рок од 60 дена.

Текстот продолжува под рекламата

„Дадов задачи на ЈКП„Дервен” да ги превземат сите потребни мерки и активности за да се нормализира појавата на пожари во депонијата“, рече Коцевски.

Поради присуството на запаливи предмети на неа, велешката градска комунална депонија во лето често сама се запалува како резултат на високите температури. Последниот пожар таму беше пред точно три години.

Можеби ќе ве интересира:

Како што појаснуваат стручњаците по пожари,велешката Градска комунална депонија е нестандардна  како и сите други депонии во земјава,без систем за одведување на депонискиот гас и затоа при пожари,опожарувањето трае подолго.Сето тоа бидејќи пожарот тлее подолго во внатрешноста на депонијата.

Извор:МИА

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: