Сообраќајот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, се одвива по една лента, наизменично, информираат од АМСМ.
Синоќа се запали автобус на патот Охрид- Кичево кај Пресека од засега непознати причини.
Во автобусот, освен возачот, немало патници, бидејќи возилото било упатено на сервисирање друго возило и не сообраќало на линија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Можеби ќе ве интересира: