По многу ниските утрински температури и појава на магла по котлините, во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Содржината продолжува под рекламата
Утринските температури се движат меѓу минус 18 и минус 4, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 1 и 7 Целзиусови степени.
Содржината продолжува под рекламата
Во Велес денеска утрото е доста студено, во делови од котлината со појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 3 степени.
Утрово најстудено со -19 степени беше во Берово, -18 Битола, -13 Тетово, -12 Прилеп, Демир Капија, Дебар, -11 Скопје-Петровец, Маврови Анови, -9 Крива Паланка, Штип, Кавадарци, -8 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Крушево, Претор, Виница, Попова Шапка, -7 Охрид, Куманово, -4 Гевгелија, -2 Дојран.
Можеби ќе ве интересира: