Во 76-тата година од животот, попладнево почина Јосе Николов, еден од најдобрите велешки фудбалери на сите времиња.
Николов, чие вистинско презиме е Далев е роден на 17.11.1948 година во Велес. Кариeрата ја започнува како пионер во ФК Борец. Со седумнаесет години започнува да настапува за првата екипа на ФК Борец. Бил еден од најквалитетните фудбалери на ФК Борец, играјќи со повеќе генерации, и бил долгогодишен капитен.
Фудбалската јавност го познава по презимето Николов, бидејќи на 17 години, кога го регистрирале како фудбалер, наместо презимето Далев, му го запишале средното презиме Николов, па така, македонската фудбалска јавност го познава како Јосе Николов.
Јосе Николов беше дел од серијалот “Мојата фудбалска приказна” која Батали.нет ја реализираше пред три години. Слава му на големиот фудбалски мајстор Јосе Николов. Во продолжение, да се потсетиме на неговата фудбалска приказна:
За ФК Борец настапувал дваесет години сè до 1985 година, кога ја завршува својата богата играчка кариера.
