Почина легендарниот Свен Горан Ериксон

Свен Геран Ериксон пред пет дена имаше емотивна проштална порака и ја испрати истата до пошироката европска јавност, а ова попладне за жал пристигна веста која никој не сакаше да ја слушне.

Zito akcija 640x289px

Легендарниот шведски стручњак починал ова утро во својот дом опкружен од најблиското семејство, информација која експресно го зави во црно цело фудбалско опкружување.

Agria

„Свен Горан Ериксон почина после долго боледување, почина дома опкружен со своето семејство. Од Свен се простија ќерката Лин, синот Јохан со сопругата Аман и внукот Скај. Таткото Свен, девојката Јанисет со синот Алисде, братот Ларс Ерик и неговата жена Јумонг. Семејството по овој пат моли за почит на нивната желба да тагуваат во приватност и да не ги контактирате“, стои во соопштението.

„Имав добар живот. Мислам дека сите луѓе се исплашени од смртта, но смртта е дел од животот. Мора да научите да го прифатите тоа. Се надевам дека луѓето на крајот ќе велат „тој беше добар човек“. Но, знам дека нема сите да го кажат тоа.

„Се надевам дека ќе ме паметите како позитивен човек кој се обидуваше да направи се што може. Немој да жалите, насмевнете се. Ви благодарам за се. Тренери, играчи, навивачи, сите бевте фантастични. Грижете се за себе и грижете се за својот живот. Живејте го животот. Збогум, – порача Ериксон пред пет дена.

За жал, неговото семејство со кратко соопштение информираше дека Ериксон во 76-та година од животот ја загубил битката со тешката болест, откако на почетокот на 2024-та година му беше дијагностициран рак на панкреас.

Свен Геран ќе остане запаметен како фудбалски џентлмен кој секогаш го даваше најдоброто од себе во сите клубови во кои работеше, но и како човек кој ја водеше златната генерација на Англија исполнета со голем број ѕвезди.

Можеби ќе ве интересира: