Почина легендата на светската кошарка Бора Станковиќ

Bora Stankovic
Bora Stankovic

Прочуениот Бора Станковиќ, долгогодишниот генерален секретар на ФИБА и член на Меѓународниот олимписки комитет, почина во 95-тата година од животот.

Еден од татковците на југословенската кошарка е примен во Куќата на славните вo 1991 година.

Agria

Целиот живот го посвети на кошарката – беше играч од 1946 до 1953 година, го носеше дресот на Црвена Ѕвезда и на Партизан, а стана тренер уште во деновите додека играше – беше играч/тренер на Партизан, а го водеше уште и Канту и повеќе од една деценија беше на чело на ОКК Белград.

И како играч и како тренер три пати беше шампион на Jугославија, а освои и титула во Италија. Беше генерален секретар на ФИБА од 1976 до 2002 година. Освен мајчиниот, течно зборуваше уште шест јазици. Беше заговорник на тоа дека НБА кошаркарите треба да играат на големите натпреварувања на ФИБА, а под негово водство се променија многу правила во кошарката – воведена е линија за три поени, се изменија димензиите на теренот и се премина од полувремиња, на четвртини.

Роден е во Бихаќ, во тогашното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Рано се преселил во Нови Сад, а по Втората светска војна дошол во Белград и завршил студии по ветерина, професија со која,  паралелно со кошарката, се занимавал до 1966 година.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Борец 1919 со убедлива победа над Охрид во последното коло од Втората лига
Лазаров не дозволува еуфорија: Ништо не е готово!
Сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд