По долги и тешки здравствени компликации, на 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем.
Содржината продолжува под рекламата
Димовски е роден во Велес. Својата новинарска кариера ја започна во 1994 година во локалната Телевизија Здравкин, од каде што по неколкугодишна работа, премина во ТВ Сител, каде што се афирмираше. Работеше и во ТВ Канал 5 и ТВ Алфа, а го основаше и водеше порталот Сведок.
Содржината продолжува под рекламата
Беше претседател на Советот на честа на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Погребот ќе се изврши на 07.08.2024 година на Градските гробишта кај Раштани во Велес.
Можеби ќе ве интересира: