Венко Филипче ја информира јавоста дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани нови 162 случаи на коронавирусот.
Институтот за јавно здравје регистрира и пет оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања накоронавирусот. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159.