Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева

Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи, почина вчера во Скопје, соопшти партијата. Имаше 72 години.

Zito akcija 640x289px

Д-р Митрева ќе остане запаметена како голема дама на македонската дипломатија, исклучителна по ерудицијата и изразот. Беше професорка по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, и пратеничка од 1994 до 2001 каде беше претседателка на собраниската Комисија за надворешна политика и шефица на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива, шефица на собраниската Група за соработка со Европскиот Парламент и членка на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО. Министерка за надворешни работи беше во 2001 и потоа од 2002 до 2006.

Agria

Во 2017 од францускиот претседател беше одликувана со орден „Офицер на Националниот ред за заслуги“ за нејзините особени заслуги во развојот на односите меѓу Македонија и Франција.

„Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Митрева е сопруга на сликарот Илија Пенушлиски и мајка на адвокатот Илија Митрев Пенушлиски кој живее во Париз.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: