Почина велешанец од ковид, бројот на хоспитализирани 20 дена не се намалува

Bolnica Veles

Велешанец на 84-годишна возраст почина во велешката болница, како последица од ковид-19. Од болницата нема информација за тоа дали пациентот бил вакциниран против коронавирус. Тој е 200-тиот велешанец, жртва на ковид-19 од почетокот на пандемијата до денес.

Zito akcija 640x289px

Во велешката болница во моментов од ковид-19 се лекуваат 64 пациенти, од кои 47 имаат позитивен тест, седуммина се сомнителни на вирусот и 10 пациенти имаат негативен тест, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 30 пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На инфективното одделение се слместени 34 пациент, во модуларната болница има 21 пациент и на интерното одделение се хоспитализирани девет пациенти со ковид-19. Од болницата соопштуваат дека еден пациент е испишан како оздравен, откако добил негативен тест.

Содржината продолжува под рекламата

Во текот на вчерашниот ден во Велес се регистрирани нови 21 случај со ковид-19, со што бројот на активни случаи во моментов изнесува 307. Од почетокот на пандемијата во Велес се заразија 6100 граѓани.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23958/do-sinoka-popishani-1-619-857-gragani/