Почина велешанецот Ристе Гиовски

Утрово на инфективното одделение на велешката болница, на 54-годишна возраст, почина велешанецот Ристе Гиовски, сопственик на стационарот за кучиња Гиовски тим. Гиовски се бореше со тешка болест, а пред десетина дена на својот фејсбук профил објави дека се заразил со ковид-19 и дека е хоспитализиран во велешката болница. Од велешката болница за Батали.нет потврдија дека утрово на одделението за инфективни болести починал пациент од ковид-19, не откривајќи го идентитетот на починатиот.

Zito akcija 640x289px

Ристе Гиовски и беше познат не само на велешката, туку и на македонската јавност како еден од најдобрите дресери на кучиња. Во својот стационар „Гиовски тим“, Ристе вдоми огромен број кучиња скитници. За Ристе дозна и светот, откако лани беше промовиран првиот македонски детски филм „Стела“, во кој една од главните ликови е шарпланинката Стела, а токму Гиовски беше нејзин дресер и пред и за време на снимањето на филмот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Ристе Гиовски беше и голем љубител на фудбалот, посебно на футсалот, кој активно го играше, а во последно време беше активен како тренер во овој спорт. Неговите роднини, пријатели и познаници на социјалните мрежи се простуваат од прерано починатиот Ристе Гиовски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: