Починатиот велешанец имал коронавирус!

Infektivno Veles

Починатиот 78-годишен велешанец имал коронавирус. Неговиот резултат е позитивен, потврдуваат од неговото семејство. Оваа информација утрово им ја пренеле од Центарот за јавно здравје во Велес.

Zito akcija 640x289px

Неговите роднини се во страв дали и тие се заразени. Од Центарот за јавно здравје им рекле дека ќе бидат тестирани дури во понеделник. Родинините велат дека ваквиот однос е неприфатлив и неразумен и прашуваат зошто уште денеска не се тестираат.

Agria

Од Центарот за јавно здравје велат дека обвинувањата на роднините се неосновани.

„Имаме процедура по која работиме. На роднините ќе им се направи епидемиолошка анкета и тие ќе бидат тестирани, а домот на починатиот ќе биде дезинфициран“, рече Тони Димитриевски, директор на Центарот за јавно здравје Велес.

Роднините велат дека пропуст има и кај неговиот матичен лекар, кој цело време го лечел со парацетамол и иако ги имал симптомите, не сакал да го прати на тестирање.

Велешанецот почина во средата рано наутро, кога по неколкудневни симптоми на кашлање, плукање крв, температура, губење апетит, успеал да стигне до тестирање, а потоа и до преглед на инфективното одделение во велешката болница.

Според зборовите на неговата ќерка, лекарката од инфективно која го примила, дрско да им се обратила со зборовите: Зошто сте го донеле? Какви врски сте фаќале за да му направат тест?

„Не го прегледа, туку само не прашуваше нешто. Одлучи дека нема симптоми на коронавирус и не прати дома. Вечерта татко ми почина, откако не можел да дојде до воздух“, рече ќерката на починатиот.

Од велешката болница сеуште нема коментар околу случајот. Портпаролот д-р Весна Николовска Неделковска рече дека штом изгради став, ќе и го соопштат на јавноста.

Роднините ја обвинуваат и велешката брза помош, која велат дека морале да ја молат за да испрати возило, со кое сега починатиот го пренеле на инфективно одделение.

„Не прашуваа колку години има, ни велеа дека имале само едно возило и тоа било на терен, не убедуваа да го однесеме со сопствено возило или да фатиме такси“, раскажуваат роднините.

Од велешката брза помош ги демантираат овие обвинувања и велат дека постапиле според процедурите кои им се дадени од Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера рече дека случајот го испитува Државниот санитарен здравствен инспекторат, но дека спорт податоците кои ги имал, случајот многу наликувал на оној во Охрид, каде што почина жена на која не и била пружена помош, за која подоцна се потврди дека имала коронавирус.