Почна гласањето на лицата во домашен карантин

OIK Stip

Почна гласањето на лицата во домашен карантин. Во Штип има околу 300 граѓани во излација, но за гласање се пријавиле 45. Здравствените избирачки одбори утринава ги подигнаа гласачките материјали. Во Штип на терен се два избирачки одбори.

Zito akcija 640x289px

Гласањето се одвива под посебни протоколи. Лекарите што ги сочинуваат  при посетата на секој гласачсе опремуваат со мантил, ракавици и маска, како и визири и средства за дезинфекција. Заштитната опрема се менува по завршување на гласањето на секој избирач.

Agria

„Ни ќе ги псетиме домовите, заштитени со опремата која ја добивме од ДИК. Постапката е следна, прво идентификација на болниот, потоа со УВ ламба се проверува да не гласал претходно, се става спреј и според местото се остава гласачот да го исполни своето право на глас.“ вели Страхил Газепов, член на здравствен избирачки одбор.

Иако од здравствените избирачки одбори барале, од ДИК не добиле список со тоа кој лица се болни од Ковид 19, а кој се во самоизолација, за да можат гласањето прво да го спроведат кај лицата кои се во изолација, но не се позитивни на вирусот.

И додека тече првиот ден од гласањето за параламентарните избори расте бројот на позитивни случаи со корона вирусот во регионот. А штипско инфективно веќе ги полни и доплнителните кревети што се добија по преселбата на пациентите од неврологија. Капацитетот е 60, а на одделението веќе се лекуваат 54 лица од кои 10 се на кислородна подршка.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8324/povredeni-13-licza-vo-soobrakajka-vecherva/