Почна судењето на полицискиот службеник кој го обезбедувал премиерот Мицкоски – обвинет за оддавање службена тајна

Angel Samarakov

Полицискиот службеник, велешанецот Ангел Самараков, припадник на Шестата управа на Министерството за внатрешни работи (МВР) задолжена за обезбедување на ВИП-личности, денеска се појави на обвинителна клупа во Кривичниот суд во Скопје. Самараков, кој до неодамна бил дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, се соочува со обвинение за оддавање службена тајна.

Во воведниот говор, обвинителката Ивана Трајчева истакна дека обвинението се однесува на настан од 30 март 2025 година, кога, според Обвинителството, околу 23 часот на паркинг пред хотелот „Гарденија“ во Велес, Самараков на сведокот Благоја Коруноски му предал документи од класифицирана природа, достапни во МВР, со намера тие да бидат објавени на социјалните мрежи.

Agria

„За таа услуга, обвинетиот требало да добие износ од 50 илјади евра од лицето Лелита Трајковска Миленкова,“ рече обвинителката Трајчева, посочувајќи дека на Самараков му се става на товар кривично дело оддавање службена тајна по член 360 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На прашањето од судот дали се чувствува виновен, Самараков одговори негативно. Обвинителството приложи и материјални докази, меѓу кои се вештачени мобилни телефони, лаптоп и хард дискови.

Ангел Самараков е вработен во МВР од 2015 година. Тој досега не бил кривично гонет, има завршено Правен факултет и положен правосуден испит.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: