Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9.900 места за студенти во прва година

UKIM
UKIM

Процесот на упис на факултетите во Македонија денеска и утре е во полн ек, а идните студенти веќе  аплицираа електронски и им останува поднесување на потребните документи. Голем дел од нив избираат студии кои ги гледаат како пат кон успешна кариера, и како можност за придонес кон глобалните предизвици.

Zito akcija 640x289px

Двајца идни студенти ги споделија своите размислувања и очекувања за идните студии, како и за професионалната иднина што ја гледаат пред себе.

Марко В. од Скопје, кој одлучи да ја продолжи својата едукација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), аплицира на насоката за сајбер безбедност. Според него, ова е полето кое носи најголем потенцијал за развој во иднина.

„Сајбер безбедноста е иднината. Со порастот на дигитализацијата и постојаното присуство на интернет во секој аспект од нашите животи, потребата за експерти во оваа област расте секојдневно. Сакам да бидам дел од оваа револуција и да придонесам кон обезбедување на нашите податоци и системи од закани. Верувам дека оваа професија ќе биде една од најбараните и најважните во светот во наредните години.“

Од друга страна, Симона С. аплицира на насоката за молекуларна биологија. Нејзината страст за науката ја води кон истражување на нови откритија и нивно имплементирање во постоечките научни теории.

„Науката отсекогаш била моја страст. Молекуларната биологија ми овозможува да навлезам во длабоките тајни на животот и да истражувам нови начини за подобрување на здравјето и благосостојбата на луѓето. Новите откритија во оваа област имаат потенцијал да променат многу во постојните истражувања и да донесат нови решенија за проблемите со кои се соочува човештвото.“

Двајцата идни студенти исто така веќе имаат поднесено апликации на повеќе странски универзитети, но додека чекаат одговори од тие институции, тие се подготвени да продолжат со своите студии во Македонија, на еден од најдобрите универзитети во земјата. За постдипломските студии, тие дефинитивно планираат да ја продолжат својата едукација во странство, каде што според нив, образованието е на многу повисоко ниво.

Инаку, процесот се одвива на 23 факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје (УКИМ), каде што слободни се вкупно 9.921 места за нови студенти. Најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) со 1.020 места и на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) со 1.030 места. Значителен број места се достапни и на Филозофскиот факултет со 895, Филолошкиот факултет со 790, Правниот факултет со 705 и Економскиот факултет со 700 слободни места.

Во меѓувреме, Министерството за образование и наука воведе две нови мерки за подобрување на условите за студентите. Зголемен е износот на студентскиот оброк, кој сега ќе биде реален и ќе ги олесни трошоците за живот на студентите. Оваа мерка ќе ги опфаќа и новите бруцоши кои ќе стекнат статус на студенти до 20 септември. Дополнително, мерката за стипендии за студии од втор циклус ќе се отвори и за студентите со завршени тригодишни студии од прв циклус, што претходно не беше возможно, овозможувајќи поголеми можности за повеќе од 1.000 студенти.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: