Поевтинуваат дизелот, екстра-лесното масло и мазутот

Benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) вчера донесе Одлука со која ги намали цените на дизел горивото, екстра-лесното масло за домаќинство и мазутот.

Zito akcija 640x289px

Цените на бензините остануваат на вредноста одредена на 28 март, односно ЕУРОСУПЕР БС – 95 чини 83,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98, 85,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2 ден/лит, и со тоа од полноќ таа изнесува 85,5 денари.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 2,5 ден/лит и сега изнесува 81,5 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,217 ден/кг и сега чини 56,13 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28815/poveke-od-polovinata-naselenie-vo-zemjava-ne-e-vakczinirano-protiv-koronavirusot/