Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 0,50 денари за литар, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,094 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Содржината продолжува под рекламата
Според одлуката, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87 денари за литар, 89 денари ќе чини ЕУРОСУПЕР БС-98, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 81 денар за литар.
Содржината продолжува под рекламата
Со одлуката на РКЕ од ноќеска на полноќ екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) ќе чини 80,50, а мазутот М-1 НС ќе се продава за 46,158 денари за килограм.
Можеби ќе ве интересира: