Поглаварите Порфириј и Стефан утре на заедничка литургија во Белград

Српската православна црква на својата веб-страница официјално објави дека утре на 19 мај, во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан ќе служат литургија на помирување, „со која ќе се воспостави литургиско и канонско причестување на двете сестрински цркви со одлука на Собранието на СПЦ“, се вели во официјалното соопштение од СПЦ.

Zito akcija 640x289px

Литургијата, како што пренесуваат и српските медиуми, ќе почне во 9 часот, а ќе служат сите архијереи на двете цркви.

Agria

Според написите, патријархот Порфириј ги повикал верниците во што поголем број да присуствуваат на архијерејската литургија.

Соборот на СПЦ соопшти дека прифаќа статус на најширока можна автономија за Македонската православна црква, односно целосна внатрешна самостојност, која ѝ е доделена уште во 1959 година.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: