
Четитинаесетгодишната Клара Т. која исчезна вчера вечер во населбата Илинден е најдена, потврдуваат од МВР. Таа ќе биде предадена на семејството која ја пријави за исчезната по кавга во домот.
Содржината продолжува под рекламата
„Денеска (03.08.2024) околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Клара изчезнала вчера околу 18 часот, а на социјалните мрежи беше објавен апел за нејзино пронаоѓање.
Можеби ќе ве интересира:
- Осум пожари на отворено, четири сè уште активни, два во велешкиот регион
- Македонската Green Machines ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД
- Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне до 41 степен
- Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
- Започна со работа системот „One stop shop“ на граничниот премин „Табановце“