Полицијата ја прекина потрагата по исчезнатиот велешанец Спасе Димовски

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ ИСЧЕЗНА НА 6 АВГУСТ ВО НЕВРЕМЕ, СПАСУВАЈЌИ ЕКИПА НА ЕВН

Поради високиот водостој на реката Вардар, полицијата времено ја прекина потрагата по велешанец Спасе Димовски (51), кој на 6 август, беше однесен од надојдената Белештевичка река, во близина на сливот во Вардар.

Zito akcija 640x289px

Досегашните обиди на полицијата да го пронајдат телото на Димовски во Вардар се неуспешни. Изминатите денови биле ангажирани и специјалци со дресирани кучиња кои можат да пронајдат лица покриени со чакал, песок или земја, но ниту тие не успеале да помогнат, исчезнатиот да биде лоциран.

Agria

Спасе Димовски исчезна, кога кај велешкото село Белештевица, на место викано Лавчани, се обидел со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект. Од надојдената вода човекот и возилото на ЕВН биле однесени кон реката Вардар.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: