Полицијата ќе врши контроли покрај црквите за време на велигденските празници, откако Владата го зајакна полицискиот час, кој почнува од петок во 16.00 часот и ќе трае до вторник до 05.00 часот.
На Велигднеските литургии во сабота навечер во храмовите присутни ќе бидат само свештениците и новинарите. Сепак, Владата одлучила да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.
Движењето за време на полициски час без дозвола е казниво со закон, а казните се движат од 2000 евра па се до казна затвор.
Дополнително, Владата го усвоеи предлогот на Главниот координативен кризен штаб според кој, од четврток од 16:00 часот, до 05:00 часот во вторник да се забрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на забраната, со посебен режим на движење за претстојниот празник, а Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите на овие места.