
Министерството за внатрешни работи информораше дека во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници.
Содржината продолжува под рекламата
„При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија.“, извести полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира:
- Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени
- ДИК: Официјално избрани 44 градоначалници, во 33 општини ќе се оди во втор круг
- МЗ: Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани
- Приведен велешанец по напад во здравствена установа, вработена заклучена и нападната
- Кожувчанка го започнува големиот „Еко авантура“ караван во предучилишните установи низ целата држава


















