Во текот на вчерашниот ден, мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спровела зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес. При акцијата за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената казнети биле 106 прекршоци.
Како што соопшти МВР, од нив, 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Содржината продолжува под рекламата
Од МВР соопштија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
Можеби ќе ве интересира :