Три лица сите од Велес со германски национални ознаки се лишени од слобода откако полицијата кај нив пронајде бела прашкаста материја. Настанот се случил четириесетина минути пред полноќ откако со нивниот автомобил марка „Ауди“ биле сопрени од полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
„На 06.10.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода лице(18), лицето(26) и лицето(25), сите од Велес, затоа што при преглед во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Д.Т., во кое се превезувале и другите две лица, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја“, велат од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Од таму додаваат дека лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира: