Писателот од Полска Павел Беренсаревиќ денеска во Скопје и во Велес ќе го промовира македонското издание на неговата книга за деца и тинејџери „Шепотено“, во издание на „Бата прес“. Промоциите ќе се одржат во ЕУ инфоцентарот Europe House во Велес, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.
Содржината продолжува под рекламата
Детската книга „Шепотено“ е објавена со поддршка на Европската унија и Министерството за култура, а книгата од полски ја преведе Звонко Димоски, во рамките на проектот „За нивната иднина“, со кој „Бата прес“ оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и за млади од петнаесет познати европски автори.
Содржината продолжува под рекламата
До крајот на годинава „Бата прес“ во соработка со ЕУ инфоцентарот и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе организира гостување и промоции на неколку европски автори чиишто книги во издание на „Бата прес“, во рамките на овој проект се објавени на македонски јазик.
„Станува збор за роман во кој младите тинејџери, средношколци, организирани преку социјалните мрежи наоѓаат различни работи и заработуваат пари за да одат и да го гледаат финалето на фудбалски натпревар во Лигата на шампиони. Но, некои работни активности поттикнуваат морални и етички прашања што ќе ги стави овие момци пред една дилема: дали вреди сето тоа да се работи за да се присуствува на ова финале?!, информира „Бата прес“.
Павел Беренсевиќ е автор на романи и стихови за деца, раскази, речници, преводи. Дипломирал англиски јазик на Варшавскиот универзитет. Меѓу другите, ги објавил делата: „Што има кај Ќимковци?“, „Ќимковски приказни, од кои една тажна“, „Како ја засакав Кате Цветчето“, „Дали војната е за девојки“, „Тајната на човекот со лузна“, „Е, нека го тоа чоколадото!“, како и најновите „Повеќе од клуб“ и „Ред на полските расипикуќи“. Добитник е на голем број полски и меѓународни книжевни награди.
Можеби ќе ве интересира: