Помошното фудбалско игралиште во Велес нема имотен лист

gradski stadion

Помошното фудбалско игралиште во Велес, заедно со дополнителните објекти и соблекувалните не е впишано во катастарот на недвижнини и за него општината не може да извади имотен лист. Ова е проблемот поради кој доцни неговата реконструкција, иако за ова Општина Велес доби значителна сума пари од ФФМ, преку европската куќа на фудбалот УЕФА.

Zito akcija 640x289px

„Проектот добро тргна, не знам колку ќе биде вкупната сума за реконструкција, но мислам дека би изнезувала околу 400 илјади евра. Добивме дури и нови столчиња за трибините, кои ги сместивме во празните простории на спортската сала, но работата малку заглави кај техничката документација, бидејќи излезе дека сегашното фудбалско игралиште и соблекувалните не се впишани во катастар, па поради тоа, иако ние како општина сме инвеститори, не можевме да си издадеме одобрение за градба. Мораме да се вратиме чекор назад, за да ги завршиме сите бирократски и административни постапки, па поради тоа има мал застој. Се надевам дека тоа брзо ќе биде деблокирано“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Agria

Во исто време, доцни и реконструкцијата на Градскиот стадион „Зоран Паунов“. Иако Агенцијата за млади и спорт, кој е инвеститор на овој проект, обезбеди пари и на тендер избра и воведе во работа градежна фирма од Велес, работите стојат во место.

„Континуирано имаме проблем со изведувачите затоа што немаат соодветни ресурси за да се придржуваат на динамиката за завршување на градежните работи. Тоа е причината за таквата состојба. Во иднина мора да се предвидуваат казнени пенали за изведувачте, за да не се доведуваме во ваква ситуација“, рече Коцевски.

Реконструкцијата на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ почна во февруари годинава, а вкупната инвестиција изнесува 200 илјади евра. Со проектот е предвидено да се замени кровниот покривач и внатрешната столарија, да се постави термоизолациона фасада да се реконструира дел од подовите во соблекувалните. Со проектот треба да се набави опрема за наводнување на фудбалскиот терен и нов систем за  користење на соларна енергија за затоплување на вода за туширање.

Исто така, треба да се постави заштитна настрешница за излез на спортистите од соблекувалните до стадионот, да се пренамени веќе постоечки објект во тоалети за посетителите, а постоечките трибини да бидат реконструирани. Дел од овие зафати се реализирани, но дел од нив се уште не се почнати.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: