Пописот на населението, имотот и домаќинствата, успешно започна на територијата на Општина Велес. На првиот ден од пописот ниту еден од попишувачите не бил вратен од домовите на граќаните и податоците биле успешно внесени во системот.
Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски изрази задоволство што најголемата статистичка операција, се одвива без проблеми, и потенцираше дека во Велес се обезбедени доволен број попишувачи а има попишувачи и на резервна листа.
Содржината продолжува под рекламата
„Сигурен сум дека до крајот на предвидениот период, на територија на Општина Велес и двете соседни општини успешно ќе биде завршена оваа голема статистичка операција. Упатувам апел до сите сограѓанки и сограѓани активно да се вклучат во попишувањето, да не ги прифаќаат повиците за бојкот на пописот, затоа што пописот не е политичка работа и не треба да се вмешуваат политички прсти“, истакна Коцевски.
Можеби ќе ве интересира: