Автомото сојузот на Македонија утринава информира дека од утре до 20 јули ќе биде затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово.
Содржината продолжува под рекламата
„Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Демир Капија-Давидово“, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 06.07 до 20.07.2023 година, ќе биде затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово во периодот од 10:00 – 16:00 часот“, се вели во соопштението.
Содржината продолжува под рекламата
Од АМСМ потсетуваат дека и денеска од 8 до 18 часот е затворен за сообраќај патот Велес – Градско. И на овој пат од вчера почна асфалтирање на коловозот кое е планирано да трае до 8 јули.
Се препорачува препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Можеби ќе ве интересира: