Поради порно снимка, босански политичар се повлече од политиката

Советник на Партијата за демократски напредок (ПСП) во Собранието на Бања Лука, Иван Бегиќ се повлекува од политиката откако на социјалните мрежи почнала да се шири негова порно снимка.

Zito akcija 640x289px

Снимката не ја објавила ниту еден медиум во Босна и Херцеговина, но била испратена до многу новинари и јавни личности. Бегиќ решил да ја објави, свесен дека наскоро би можела да биде објавена на интернет.

Agria

„По повеќемесечни уцени, психичко малтретирање и закани, денеска беше објавено моето приватно видео кое преку партиските бази на нашите противници се испраќа до граѓаните и се шири на социјалните мрежи. Поради истото видео од мене се бараа половина милион конвертибилни марки (250.000 евра). Поради сето ова денеска повторно одам на психијатар и не се чувствувам добро“, рече Бегиќ.

Тој вели дека за валканата игра на политичките противници говори и тоа што видеото им било испратено на неговите родители на кои здравствената состојба им била сериозно нарушена.

„Иако верувам дека секој има право на приватност, свесен сум за одговорноста што ја имам како јавна личност, поради што се повлекувам од политиката, го предавам мандатот и ја напуштам ПДП“, рекол тој.

Покрај компромитирачката снимка на Бегиќ, видеото содржело и дел кој сака да инсинуира дека другото лице во видеото (чие лице не се гледа) е градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, но Бегиќ тоа го негира.

„Силно демантирам дека видеото има некаква врска со моите соработници или некој од јавниот живот“, рече Бегиќ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: