Поранешниот американски полицаец е виновен по сите точки за смртта на Џорџ Флојд

Dzorc Flojd
Dzorc Flojd

Во судскиот процес за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, поротата донесе одлука според која поранешниот полицаец Дерек Шовин е виновен во сите точки на обвинението, а висината на казната уште не е позната.

Zito akcija 640x289px

Поротата донесе одлука по три недели и сведочење на 45 сведоци, вклучително и случајни минувачи, полицајци и медицински експерти. Состанокот на поротата започна во понеделникот и траеше нешто повеќе од 10 часа.

Agria

Дванаесет поротници го прогласија поранешниот полицаец за виновен по три точки. Максималната казна за првата точка не може да надмине 40 години затвор, за втората не повеќе од 25 години, а максималната казна за третата точка од обвинението е 10 години и или 20 илјади американски долари.

Претседателот на САД Џо Бајден ја поздрави пресудата. Во национално телевизиско обраќање, Бајден рече дека смртта на Флојд е „убиство кое ги крена ролетните“ за целиот свет да ги согледа проблемите со расата и полицијата во Соединетите држави.

Бајден повика на „соочување со системскиот расизам и расните разлики што постојат во полициското работење и во систем на кривична правда“. Претходно, Бајден разговараше телефонски со семејството Флојд. Минеаполис и другите градови беа подготвени на можноста пресудата да предизвика слични немири како минатата година, кога милиони низ целата земја се придружија на повеќемесечните протести кои понекогаш преоѓаа во смртоносно насилство и грабежи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: