Поранешниот премиер со осуда за руската агресија

Поранешниот премиер Зоран Заев упати поддршка за украинскиот народ и силно ја осуди руската агресија.

Zito akcija 640x289px

„Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ. Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст. Тие се нашите херои, а ние нивните поддржувачи. Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината“, објави Заев.

Agria

Поранешниот премиер потенцира дека сите заедно „Северна Македонија, НАТО, ЕУ, целиот демократски свет, стоиме исправени на страната на мирот, дијалогот и безбедноста, наспроти опасните воени и нецивилизациски агресори“.

Слава на Украина, додаде Заев.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: