Борец Баскет доживеа пораз на гостински терен од лидерот во лигата, тимот на Ангели, со резултат 87:71. Ова е втор сезонски пораз на велешани од екипата на Ангели.
Уште од самиот старт, домашниот состав го имаше водството, и првата четвртина ја доби со 27:20. Иако Борец Баскет се обиде да одговори на играта на домашниот состав, не успеа да го врати резултатот во своја корист, а во втората четвртина Ангели продолжија да доминираат, освојувајќи уште една четвртина со убедливи 19:10, за вкупен резултат 46:30 на полувреме.
И третата четвртина беше во знакот на домашниот тим, кој ја одржуваше високата предност. И покрај малото подобрување во последните 10 минути, кога Борец Баскет ја доби четвртината со 22:23, конечниот резултат не беше доволен да се избегне поразот.
Следниот натпревар на Борец Баскет е наредниот викенд, кога ќе се соочат со Навико Академија ФМП, екипа која се наоѓа на 11 место со само две победи во 12 натпревари.