Одбојкарите на Борец загубија со 2:1 во сетови во првиот пријателски натпревар во Пробиштип, во циклусот подготовки за новата одбојкарска сезона. Двете екипи се договорија да одиграат натпревар од три сета на кој двајцата тренери тестираа повеќе тактички варијанти.
Првиот сет и припадна на екипата од Пробиштип, во вториот велешани го добија сетот, додека пак во третиот сет уште еднаш го добија домаќините. Овие натпревари се повеќе за воигрување на екипата, отколку да имаат резултатско значење. Сите играчи кои беа во ростерот на велешани добија шанса да покажат што знаат.
Содржината продолжува под рекламата
Следен контролен натпревар на одбојкарите на Борец е против Шкендија, и ќе се одигра утре во Тетово, со почеток од 17 и 30 часот.
Можеби ќе ве интересира: