Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска објави дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за месец април 2025 година е 62.691 денари, што претставува зголемување од 836 денари во споредба со март, кога вредноста на кошничката беше 61.855 денари. Ова зголемување, иако значајно, и понатаму не е доволно за да ја покрие целокупната потрошувачка на едно тричлено семејство, особено во контекст на растечките цени и економската несигурност која ја чувствуваат граѓаните
Според ССМ, актуелната вредност на синдикалната кошничка не ги задоволува основните потреби на домаќинствата, а потребата за зголемување на минималната плата е повеќе од очигледна.
„Најмалку 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница. Ова ја потврдува потребата за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра. Истовремено, бараме дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра“, изјавија од ССМ, додавајќи дека ова барање е сосема оправдано во светло на растечките животни трошоци.
Синдикалците прашуваат дали ако целта на Синдикалната минимална кошница е да ја покаже реалната состојба и да изврши притисок за потребата од зголемување на платите на работниците, дали целта на Владината просечна кошница е да покаже дека не треба да има зголемување на платите и дека македонскиот работник и со вака ниските плати живее добро!?