Повеќе од 200 европски кајакари од утре на Матка на собирот на најдобрите на континентот!

Македонија од утре па до 20. мај ќе биде домаќин на голем спортски настан, Европското првенство за сениори во кајак спуст на диви води кое ќе се одржи на Матка . Повеќе од 200 кајакари од 18 земји ќе учествуваат на натпреварите кои треба дополнително да ја промовираат Македонија како добар домаќин.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На прес конференцијата, претседателот на КФМ, Дрилон Леши, истакна дека со добра организација на ова ЕП се надеваат дека ќе добијат можност да бидат организатори и на СП, а ги повика љубителите на кајакот да ги проследат натпреварите на патеката на реката Треска на Матка.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Македонските погледи се кон Александар Златанов и Кристијан Лазаров членови на Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велес, од кои очекуваме влез во финалните натпревари. По 2017 година, ова е второ Европско првенство на кое Македонија е домаќин, со надеж за идна организација и на Светско првенство. Инаку, директор на Европското првенство е исто така велешанец, кајакарот Љубомир Спасиќ, кој пред четири години го освои Европскиот куп во дисциплината спуст.

Натпреварите може да ги следите во живо на фан страната на Батали.нет, како и јутуб каналот на Батали.нет

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38519/mazh-go-ubil-sosedot-vo-demir-kapija-pa-se-samoubil/