Бројот на заразени со коронавирус во последните 24 час по подолго време падна под 100. Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 78 новоинфицирани, додека во истиот период оздравеле 172 пациенти.
Најмногу заразени и понатаму има во Скопје, 26, а поголема бројка е регистрирана во Штип, каде што има 17 новоинфицирани со коронавирус. Новите откриени случаи се регистрирани, откако се направени 894 тестови.
По градови состојбата со новозаразените се следна:
-Скопје 26
-Куманово 4
-Дебар 1
-Штип 17
-Тетово 9
-Струга 3
-Битола 1
-Охрид 1
-Гостивар 5
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Пробиштип-3,
-Виница 1
-Свети Николе 5
Во меѓувреме починаа се пет лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.
Во Велес денеска не се регистрирани новозаразени, а еден велешанец е оздравен.
Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.
Можеби ќе ве интересира: