Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Велес има еден нов случај на Ковид-19, а се направени вкупно 1574 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на коронавирусотна ниво на целата држава.
Од нив најмногу има во Скопје-43, Куманово-11, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-4, Струга-5, Велес-1, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-3, Струмица-5, Крива Паланка -5, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2.
Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрира 95 оздравени пациенти, од кој четири се во Велес.
Пет лица починаа, а нови 127 случаи на ковид-19 се регистрирани во изминативе 24 часа од направени 1.574 тестирања. Починати се пациентка од Куманово (61), пациент од Штип (81), двајца пациенти од Гостивар (76 и 81) и еден пациент од Прилеп (53). Сите се починати во болнички услови.
Во моментов бројката на активни случаи на Ковид-19 во Велес изнесува 24 лица.
Можеби ќе ве интересира: