Повеќето работници во Германија добиваат бонус поради инфлацијата

lippstadt-rathaus
lippstadt-rathaus

Повеќе од три четвртини или 77,9 отсто од работниците во Германија добиле еднократен бонус поради инфлацијата од ноември 2022 година или ќе го добијат до крајот на годината, соопшти Сојузниот завод за статистика.

Zito akcija 640x289px

Уплатите се без даноци и придонеси, јави ДПА.

Agria

Просечната сума е 2.761 евро, но разликите меѓу бонусите на работниците во зависност од секторот во кој работат се значителни, пишува магазинот „Феникс“.

Најмалку бенефиции добиле градежниците, во просек 1.104 евра, а вработените во земјоделството, шумарството и рибарството 1.689 евра.

Најдобро поминале вработените во јавната администрација со просечни 3.000 евра, а професорите и студентите со едно евро помалку.

Нешто помали бонуси добија уметници, вработените во дејноста забава и рекреација, водовод, собирање и складирање отпад.

Најмногу корит од бонуот имаа работниците во индустријата, водоводот, канализацијата и отпадот…

Германската Влада пропиша бонуси до 3.000 евра за да го ублажи влијанието на енергетската криза и привремените скокови на цените врз стандардот на вработените. Во зависност од колективниот договор, парите може да се платат одеднаш или на рати.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: