На 30.03.2021 околу 19.50 часот на ул.„АСНОМ“ во Велес, мопед „кивеј“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(19) од Велес, удрил во малолетен пешак, информира МВР.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: