Во Штип и денес двоцифрен раст на заболени од корона вирус. Од Центарот за јавно здравје очекуваат потврда за над 22 новозаразени. Со нив Штип од стартот на пандемијата стигна до 700 граѓани со Ковид 19.
Со оглед на тоа дека во моментот се активни 370 случаи, значи дека повеќе од половина од новозаразените вирусот го добиле од почетокот на месецов. Најголем дел од потврдените случаи се текстилни работници и нивни контакти, а веќе се затворени три конфекции.
И покрај алармантниот раст засега не се планираат рестрикции, но таа опција останува отворена ако броките продолжат да растат. Добра вест е што се намали бројот на хоситализиани. До утринава на инфективно во Штип се лекуваат 44 граѓани.
Можеби ќе ве интересира: