Одново високи бројки на заразени од коронавирус во Македонија. Во последното деноноќие регистрирани се 164 нови случаи на коронавирус.
Најмногу повторно во Скопје 59, а голема бројка има и во Свети Николе 23, Штип 17, Дебар 18 и Куманово 12. Следуваат Гостивар со девет, по шест имаа во Тетово , Струга и Кичево, Кавадарци и Пробиштип по два, и по еден случај има во Прилеп, Битола, ДФемир Хисар и Ресен.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица, а починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704.
Можеби ќе ве интересира: