Познат е распоредот во ПЛ за сезоната 2025/26: На стартот веднаш дерби

Англиската Премиер лига го објави распоредот на натпреварите за следната сезона, која започнува на 15 август.

Сезоната ќе ја отворат Ливерпул и Борнмут, во петок, 15 август на Енфилд од 21:00 часот. Првото коло ќе се игра во сабота, недела и понеделник, а дербито ќе го одиграат Манчестер јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ (17 август, 17:30 часот).

Agria

Манчестер сити ја отвора сезоната со гостување во Вулверхемптон, Челзи ќе биде домаќин на Кристал Палас.

Во првото коло, Евертон нема да игра на својот нов стадион, туку гостува кај Лидс. Во второто коло, „карамелите“ ќе играат за прв пат пред навивачите на новиот стадион и тоа против Брајтон (23 август, 16:00 часот). Во второто коло дербито е Манчестер сити – Тотенхем.

Во третото коло, Ливерпул ќе се сретне со Арсенал, а првото манчестерско дерби во новата сезона е закажано за 13 септември, домаќин ќе биде Сити.

Само седум дена подоцна, „граѓаните“ ќе гостуваат кај Арсенал, а истиот ден, дербито на Ливерпул ќе се игра на „Енфилд“.

Најголемото англиско дерби, прво во новата сезона, ќе се игра на „Енфилд“ на 18 октомври во 16 часот, а првиот дуел помеѓу Сити и Ливерпул оваа година ќе се игра во Манчестер на 8 ноември.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: