Велешките ракометни клубови Борец и Бисинов Фруитленд, ги дознаа противниците во новата ракометна сезона во Првата лига.
Содржината продолжува под рекламата
МРК Борец 1950 беше извлечен во групата „А“ каде ќе играат уште екипите на Драчево, Младост Богданци, Астраион, Шампион, Текстилец, Јехона, Преспа Вардар. Екипата на Драчево е првиот противник на велешани на стартот од сезоната.
Содржината продолжува под рекламата
Екипата на Бисинов Фруитленд пак беше извлечен во групата „Б“ која брои седум екипи и тоа Радовиш, Металург РА, Македонија ЃП, Кичево, Овче Поле, Партизан. Во првото коло велешани ќе бидат слободни.
Првото коло ќе се игра следниот викенд на 23/24 септември, а до крајот на годинава би требало да се одиграат сите 14 кола од регуларниот дел, плус натпреварите од елиминациското коло во Купот на Македонија. Ќе се игра регуларен дел од 14 кола исто како кај суперлигашите, а потоа ќе има плеј-оф и плеј-аут.
Можеби ќе ве интересира: