Пратеници од СДСМ до родителите: Не сме тука за поени, туку за поддршка

Откако пратениците од Левица излегоа пред родителите на настраданите во Кочани, пред Собранието пристигнаа и членови на пратеничката група на СДСМ, предводени од лидерот на партијата, Венко Филипче.

Zito akcija 640x289px

Пратениците од СДСМ, при нивното пристигнување, беа пречекани со свирежи и изрази на незадоволство од страна на присутните граѓани.

Agria

„Убијци, убијци“, викаа протестантите

По неколку минути тензиите се смирија, по што демонстрантите упатија свои пораки.

„Добро е, барем овие се симнаа, се одважија, за разлика од некои“, рекоа протестантите.

Лидерот на СДСМ, Филипче се обрати пред родителите кои во рацете ги држеа фотографиите на своите загинати деца и им порача дека се на нивна страна и дека даваат сè од себе во борбата за правда.

„Институционално го правиме тоа што можеме. Бараме истрагата да не биде селективна и тоа го правиме со сите расположливи инструменти“, рече тој.

Родителите им се заблагодарија на пратениците од СДСМ, што некој од нив се одважил и дошол да ги слушне нивните барања.

„Кога бевте на власт, имаше две решенија за забрана на работа на шталата, како што некои од вашите колеги го нарекуваат местото каде што изгореа нашите деца. Што се случи со нив“, праша една од мајките.

Лидерот на СДСМ рече дека не сака да ја политизира ситуација и дека ќе бара институционално решавање на случајот.

„Тука сме да помогнеме. Но, не сакаме со овој чин да постигнеме политички поени“, рече Филипче

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: